Полно е детското одделение во болницата во Кавадарци
30-12-2014 РЕГИОН

Честите промени на времето и ниските температури се особено непријатни за здравјето на најмладите. Тие се најчувствителни на промените. Ординациите на лекарите се полни, а полно е и детското одделение при кавадаречката болница. Во моментов хоспитализирани се 16 деца, а голем дел од нив во болничкиот оддел ќе останат и за дочекот на новата година.

 

„Најпрво децата се лекуваат од вирози, а подоцна работите се компицираат и доаѓа до бронхопневнонии. Најголемиот дел до децата кои се згрижени се поради тие причини. Сите имаат покачена температура. Кога ќе дојде до воспаление на белите дорбови лекувањето мора да биде во болнички услови“ рече началникот на детското одделение примариус д-р Лидија Димитрова. Таа нагласува дека во изминатите години за новогодишната ноќ на детското одделение се згрижувале најмногу по три дечиња.

 

Зголемениот број на болничко лекување кај децата говори дека вирусите знаат често да направат и поголеми компликации. Овој период исто така зголемен е и број на деца кај кои е појавена варичелата.

А.Д



Share

Додади коментар