Посебен режим на сообраќај по „Илинденска“ за Тиквешки Гроздобер
05-09-2014 РЕГИОН

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека во деновите сабота 6 септември и недела 7 септември дел од улицата „Илинденска“ на потегот од старата автобуска станица па до општинската зграда ќе биде целосно забранета за паркирање во следните термини:

 

Сабота 6 септември  од 08:00 часот до 22:00 часот

Недела од 12:00 до 15:00 часот. 

Воедно се информираат граѓаните дека оваа улица целосно ќе бида под забрана за одвивањее и паркирање на сообраќајотј на 6 септември од 19:00 часот до 22:00 часот, кога на потегот од кружниот тек до првиот триаголник ќе се одвива „дефилето на „Винскиот карнева“. За таа цел се молат граѓаните кои имаат паркирани возила  на ул„Илинденска“,  како и на ул „Тиквешко востание“ ( ЈНА) истите да не ги паркираат своите возила во наведените термини

Делумно одвивање на сообраќајот во сабота ќе биде дозволено во времето од  14:00 до 19:00 часот.

 Општина Кавадарци ги информира граѓаните да се придржуваат кон одредбите од ова соопштение.

 

    

 



Share

Додади коментар