Почна пријавувањето за субвенции

 Програмата за финансиска поддршка во земјоделството годинава предвиде 140 милиони евра, пари кои ќе ги добијат земјоделците за производство во 2015-та година.. Аплицирањето почна вчера.. Неопходна доукментација за добивање државна помош е имотен лист за земјоделската површина или документ за закуп, податоци за број на домашни животни, декларации за вид и број на садници..

Според програмата за финансиска поддршка, секој земјоделец кој одлгедува пченица, јачмен или пченка ќе добие по 8 илјади денари по хектар, 3 илјади за сончоглед а 40 илјади денари за лозов насад во зависност од површината..

Одледувачите на крави, овци и кози за секој предаден литар млеко пак ќе добијат по 3,5 денари.. Земјоделците велат дека ваквиот начин на стимулација помага во развојот на земјоделството..

Пријавувањето за добивање субвенции за овие две мерки ќе трае до крајот на мај.. Инаку според програмата поголеми субвенции од 5 до 20 проценти ќе добијат земјоделци кои имаат земјоделско стопанство, млади фармери или индивидуални земјоделци.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар