Пратеникот Јованчев со прашање до премиерот: Дали со ланскиот откуп на грозје за дестилат била направена измама на лозарите
28-05-2021 МАКЕДОНИЈА
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Зоран Јованчев на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања постави прашање до премиерот Зоран Заев во врска со ланскиот откуп на грозје. Јованчев праша дали со ланскиот откуп на грозјето за вински дестилат е направена најголемата измама на лозарите во Тиквешијата и дали и оваа година се спрема истата игра од страна на винариите, но нагласи дека не бил задоволен од добиениот одговор од премиерот.











Додади коментар