Првооделенци во посета на општината и градоначалникот
08-10-2014 РЕГИОН

 52 ученици од прво одделение од општинското основно улчилиште „Страшо Пинџур“денеска беа во посета на Општината Кавадарци и градоначалникот Александар Панов.

Посетата беше во склоп на наставата по предметот општество и методската единица запознавање со работењето и надлежностите на општината и градоначалникот.

Домаќинот Панов се првачињата и нивните наставници се сретна во салата на Советот на општината, каде децата низ краток настап се претсатвија кои се и од каде доаѓаат и која е целта на нивната посета, по што од домаќинот побараа да ги запознае со поставеноста и функционирањето на Локалната самоуправа.

Градоначалникот им ја претстави општината, Советот и општинската админаистрација појаснувајќи им ја на децата нивната поврзаност, начин на работење и нивните цели и надлежности.

Децата потоа беа гости и во неговиот кабинет каде на градоначачлникот му предадоа рачно изработено знаме на општината, а потоа се интересираа и за работата на првиот човек на општината. Откако добиа договор тие поставија и повеќе прашања до домаќинот.

Децата се интересираа за комуналните проблеми во нивните маала, потоа прашаа дали и кога нивното училиште ќе добие спортска сала, дали може да се подобрат реквизитите во детскиот забавен парк во нивното училиште. Дел од нив се интересираа Дали и какво школо треба да се заврши за да се биде градоначалник ,а на крајот побараа и зедничка фотографија за спомен од денешната посета која ја завршија со песничка за Кавадарци.  

 



Share

Додади коментар