Специјализирана фирма од Словенија, пред градоначалниците на Кавадарци Александар Панов и Негитино Ванчо Апостолов, имаше презентација на Прочистителна станица на комунални и индустриски отпадни води која работи по принцип на доолнително Био разградување на третираната отпадна вода со ПВА гел, односно употреба на корисните бактерии за зголемување на процентот на биолошкото прочистување на водата која така третирана е оптимално чиста и во реципиентите се влева како незагадувачка.
Хидрогел ПВА е јапонски продукт кој има широка примена како во матичната земја така и во високоразвиените земји на ЕУ и САД.
Станува збор применета технологија со која се намалува габаритото на класичните прочистителни станици, се зголемува нивната ефикасност, преку маскимално еколошки чист продукт, односно враќање на загадената вода во оптимално чиса природна состојба. Притоа производството на мил е намалено а отпадната кал е доведена во состојба на компост почва без непријатен мирис.
Овој тип на прочистителни станици е и релативно поевтин за изградба, а векот на работа е практично неограничен и со можност за негово прилагодување при евентуален прораст на населението.
Според мислењето на првите луѓе на Кавадрци Неготино презентацијата беше доволно убедлива кај нив да се развие мислење за евентуална прифатливост, но откако претходно надлежните стручни лица и институции ќе имаат можност директно да се уверат во работата на овој тип Прочистителни станици инсталирани во Словенија.
Станува збор на современ тип на прочистителна станица на 21 век со Технологијата со третирање на отпадните води со поливинил алкохол.

Додади коментар