Во пресрет на Супер купот 2017, Управата за јавни приходи ќе спроведе активности од „едукативен карактер” (работилници, советодавни посети, достава на едукативни материјали и сл), a со цел зголемување на свеста и едуцираноста кај даночните обврзници во поглед на нивните права и обврски.
Една од тие активности е и денешното еднодневно советување за сите лица кои се занимаваат со трговија, угостителство, превоз, хотелиерство, сместување и ноќевање на лица и други заинтересирани лица кое се одржа во УЈП, РД Прилеп како и во Кавадарци, Неготино, Велес, Крушево и Македонски Брод. Оваа обука се однесуваше за оданочување со ДДВ, регистрирање на готовински плаќања и пријавување на приходи од издавање под закуп на движен и недвижен имот.
Проактивниот пристап има за цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција кај услужниот и превозниот сектор, но и влијание кај онаа категорија на обврзници каде постои ризичност од непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи.
Редовно, но и пред, за време и после одржувањето на УЕФА супер купот 2017 година ( пред и после 08.08.2017 година ) Управата за јавни приходи ќе врши следење на дневниот готовински промет преку ГПРС мониторинг во реално време (on line) кај даночните обврзници кои вршат промет и даваат услуги на територијата на цела Република. Мониторингот ќе го опфати услужниот сектор (хотели, хостели, мотели, ресторани, кафани, барови, здравствени и други ординации, салони за нега и др.), превозниот сектор како и другите дејности кои вршат промет на производи и услуги, со цел утврдување на степенот на исполнување на даночните обврски. - стои во соопштението од УЈП регионална дирекција Прилеп.

Додади коментар