Премиерот Груевски во посета на Кавадарци и Росоман
01-03-2015 РЕГИОН

РОСОМАН ДОБИ СПОРТСКА САЛА, А СЕЛОТО ПАЛИКУРА НОВО УЧИЛИШТЕ

Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на Тиквешијата. Во Росоман ја предаде во употреба спортската сала во училиштето „Пере Тошев,а  во селото Паликура новоизграденото училиште. Во Кавадарци беше пуштен патниот правец Страгово-Крњево-Ладно Долче.

Спортската сала во училиштето  е комплетно опремена со спортски реквизити и располага со гардероби, туш кабини, санитарни јазли, простории за сместување на спортските реквизити и посебни простории за наставници по спорт и спортски активности. За оваа инвестиција биле потрошени 24 милиони денари.

„Денешниот ден кај многумина ќе побуди вмешани чувства, чувства на радост и тага. Тага зашто од овие краеви се подигнати многу генерации на ученици кои никогаш порано за време на своето образование немале своја сопствена сала и вистински услови за физичко образование и развој на спортскиот дух. Жално и тажно е што никој порано не се заинтересирал да ја промени оваа состојба“ рече премиерот  Груевски .

Во неговото обраќање на свеченоста за предавање во употреба на спортската сала потенцира дека од големо значење за овој регион е  изградбата и на брзиот пат Градско-Прилеп кој ќе почнел да се гради годинава..

„Со изградбата на салата во ОУ „Пере Тошев“,  ќе  им се овозможат адекватни услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование на околу 400 ученици, како и изведување воннаставни активности, а објектот ќе биде достапен за сите заинтересирани жители на општина Росоман, за рекреација, одржување спортски натпревари и културни манифестации.  При изградбата се испочитувани сите стандарди за градење ваков тип објекти, а особено внимание е посветено на енергетската ефикасност, сигурноста и квалитетот на вградените материјали“ рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Градонаачлникот на Росоман, Стојанче Лазов ја нагласи големата корист од овој објект за младите во Росоман кои сакаат да спортуваат.

„Со овој спортски објект ќе го подигнеме спортскиот дух во нашата општина позната како земјоделска, но и како општина во која се цени спортот. Се надеваме дека со пуштањето во употреба на оваа спортска сала бројот на спортските клубови и спортисти кај нас ќе се зголеми“ рече Лазов.

„Новото училиште на учениците ќе им овозможи нови, многу подобри услови за настава. Дополнително, со неговата изградба се отвора простор во старите монтажни бараки да се всели месната заедница, да се отвори простор за руралниот доктор или да се користи за други потреби за кои општината ќе донесе одлука. Старото монтажно училиште се уште е тука како сведок на едно минато време во кое, за жал, поминаа многу генерации, ученици кои учеа во тешки и несоодветни услови. Потребата да се изгради ново училиште беше неминовна и ние ветивме дека ќе го помогнеме тој проект.“ рече  Груевски.

Toj  ги спомена и останатите проекти помогнати од владата кои се реализирани во општина Росоман,  реконструикцијата на   патот Росоман-Паликура, изградбата на патот од селото Паликура до селото Курија кое од исклучително значење за земјоделците од овој регион бидејќи за 11 километри е скратен  патот до Неготино

„ Се надеваме дека со изградбата на новото училиште ќе се подобри квалитетот на наставата, ќе имаме подобар успех на учениците. Благодарение на Владата и премиерот кои се грижат за сите граѓани да добијат квалитетни услови за живот,  денеска го пуштаме ова училиште кое заедно со асфалтираните улици во скоро целото село со локалниот пат до Паликура, но и до селото Курија го поврза и го стави Паликура како атрактивно место за развој“  рече градоначалникот на Росоман Стојанче  Лазов и додаде дека во соработка со ОУ „Пере Тошев“ од Росоман, била  сменета  столаријата во сите училишта во општината. Во централното училиште доградени се нови училници, а сменет е покривот во подрачното училиште Сирково, Камен Дол и Трстеник.

 

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ЛАДНО ДОЛЧЕ-СТРАГОВО-КРЊЕВО

Патниот правец Ладно Долче-Страгово-Крњево кој беше асфалтиран во летните месеци, денеска беше свечено предаден во употреба од премиерот Никола Груевски.

Беше извршена  реконструкција во должина од  5,35 км,  зголемена е широчината за 5,50 м,а  а направени се и  банкини.  Реконструкцијата на овој пат чинеше 46,5 милиони денари.

„Локалните патишта се од големо значење за општините. Продолжуваме да ја подобруваме патната инфраструктура. Интервениравме на неколку патни правци во овој дел од државата. Од денеска започнуваме со изградба на 46 локални патни правци во 38 општини во вкупна должина од 57 км со вредност од 7,2 милиони евра. Изградбата на овие патни правци  ќе заврши до крај на годината“ рече директорот на ЈП за државни патишта Владко Мисајловски.

„Изградивте Швајцарија на балканот премиере. Во овој дел ни се развива сточарството. Се надевам дека за еден месец ке дојдете повторно да ги отвориме петте мини хидроцентрали. Ја давам целосната подршка на вас и на владата и на вашите политики,  кога е во прашање ренесанската која неколку години ја доживуваме во Кавадарци. Овие инвестиции во патната инфраструктура се досега незапамтени и мислам дека тоа е единствениот начин да се бориме против нашите политички неистомисленици. Тие немаат друга алтернатива освен да не напаѓаат и да се занимаваат со нешто што е најнизок порив,  а тоа е да ни ги прислушкуваат нашите разговори. Како локална самоуправа  ке работиме на што поеќе проекти да ја продлжиме ренесансата на Кавадарци“ рече во своето обраќање градоначалникот на Кавадарци Александар Панов

 

ГРУЕВСКИ: „Повикавме на борба за напредок на Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ не повикале на граѓанска војна туку на политичка борба, одговори премиерот Никола Груевски на новинарско прашање во врска со ставот изнесен преку соопштение по состанокот на Централниот комитет.

„ Под борба подразбираме, политичка борба за напредок на Македонија, за зачувување на достоинството, напредок на економијата, демократијата и подобар живот за сите граѓани“, рече Груевски говорејќи за актуелните политички состојби“ рече Груевски.

„ За лозарството досега се исплатени 400 милиони денари,а  од утре ќе се исплатат преостанатите  150 милиони денари. Најголем дел од овие субвенции се во кавадаречко. За растителните производи ке бидат исплатени 850 милиони денари , 150 за лозарите, другите 700 за другите култури. Исплаќањето на субевнции  оди според календарот на субвценции“ рече Груевски.

Тој е задоволен, како што рече и од отписот на долгови за социјално загрозените граѓани. Досега отпис на долговите им бил дозволен на 8200 граѓани во вкупен износ од 14 милиони евра.

Груевки денеска ја посети и фабриката „Дрекслмаер“ од каде добил најави дека ќе се вработат уште околу 500 работници, а во момоментов таму работат 4800 луѓе од Кавадарци и регионот.

Текст/фото: АНГЕЛ ДАНОВ

 

 



Share

Додади коментар