Препорака до земјоделците: „Работете здружени во кооперативи“

Работете здружени во кооперативи, ќе имате помали трошоци и зголемено производството. Ова е пораката од холандските агро-експерти до македонските фармери. Тие дојдоа во земјава да  го пренесат своето искуство за бенефитите од ваквото земјоделско здружување.

„Ако работите заедно, а тоа е еден од принципите на кооперативите и ако сте подготвени да разменувате знаење, тогаш е многу лесно да се подобри производство и да се намалат трошоците. Најважно е дали сте расположени и подготвени за промена. Ако секогаш мислите татко ми вака ме научил и и никогаш нема да се сменам, тогаш нема да постигнете напредок “ Јохан Ван Ден Берг, експерт од Холандија.

Холандија е земја со развиено земјоделско производство, каде кооперативите се важен сегмент и двигател на земјоделското здружување. Од холандската амбасада се надеваат дека како земја, Холандија со своето искуство може да помогне на Македонија.

„ Од она што го видов, според статистичките податоци, Македонија во моментов увезува многу земјоделски производи , а има огромен потенцијал да стане голем извозник. Се надевам дека Холанија ќе помогне да се постигне таа цел“ изјави Петер Верхејен заменик амбасадорот на Кралството Холандија.

„Не може да се пофалиме дека имаме екпедитивни и функционални кооперативи затоа е и оваа заложба ние да ги направиме и функционални и профитабилни се со цел фармерите да бидат задоволни’ изјави Андрија Секуловски, претседател на Федерација на фармери.

Во земјава има и околу 25 кооперативи. Тие во моментов се во фаза на пререгистрација согласно нов закон, според кој кооперативите добиваат многу поволности.



Share

Додади коментар