Препораки од општина Кавадарци поради загадениот воздух
20-01-2021 РЕГИОН

- Да се користи јавниот превоз,
- Возила да не се користат без поголема потреба,
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,
- Правилно да се користат печките за дрва (види брошура ).
Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следните препораки:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Додади коментар