Препораки од општината за намалено аеро загадување
29-12-2015 РЕГИОН

Градоначалникот на Кавадарци упатува повторен апел со препорачани мерки за намалување на аеро загадувањето. Апелот е согласно мерките на Владата на Република Македонија.

 

Општината му препорача на Јавното претпријатие „Комуналец“ да ги интензивира активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата. Општината го задолжи комуналниот инспектор за животна средина до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите  кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до градоначалникот.

 

Овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола, само во делот на емисии на честички во воздухот. При тоа во рамки на контролите, да се воведе препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветните метеоролошки услови.

 

Градоначалникот упатува препораки и до граѓаните. Почесто да го користат јавниот превоз, да не ги користат возилата без поголема потреба , да ја рационализираат употребата  на автомобили, што подразбира повеќе лица да се возат со едно возило во исто време. Исто така да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории, прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци  од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.

 

Општината го задолжи инспекторатот да изрелува казни за сите оние кои нема да се придржуваат на овие препораки, како и казни на сите кои намерно или ненамерно ги палат контејнерите.  Исто така на трошок на општината ќе се депонира  јагленот  до депонијата „Мелци“ како дело од препораката домаќинствата, односно стопанските субјекти, да се откажат од овој загадувачки енергент за затоплување на нивните домови и простории.

 

Општината го задолжи инспекторот за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да превземе соодветни казнени мерки.

Градоначалникот превзеде  иницијатива за покренување на постапка во правец на промена на Законската регулатива во сообраќајот со воведување на забрана за движење на секаков вид моторни возила кои што не поседуваат катализатор во периодот од декември до февруари.

Градоначалникот и општината преку надлежните институции ќе ја следи реализацијата на донесените заклучоци и состојбата поврзана со загаденоста на амбиенталниот воздух.



Share

Додади коментар