Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци
22-04-2021 РЕГИОН
Денес во работна посета на кавадаречката болница  беше претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Од болницата информираа дека на средбата претседателот бил  запознат  со предизвиците со кои оваа  установа се соочува за време на пандемијата од COVID-19 и му беше презентирана работата во COVID-19 одделенијата и модуларната болница.
 
 
Претседателот изрази благодарност и почит кон здравствените работници и сите вработени во установата за посветеност на пациентите и грижата за нивното здравје.
 
 
Посетата на Кавадарци, Пендаровски ја искористи и за средба со кавадарчанецот  Борче Стаменов, кој  во својата работилница до сега склопил 750 компјутери за деца од социјално загрозени семејства.
 
 
„Преку #ДонирајКомпјутер досега над 750 деца, кои поради пандемијата на #Ковид19 се приморани да следат онлајн настава, добиле свој компјутер.  Безрезервна поддршка за Борче и неговата иницијатива. Благодарност до сите компании кои му помагаат во ова хумано дело.“ напиша претседателот на својата фејсбук страна. 
 
А.Д
 


Share

Додади коментар