„Фени Индустри“денеска беше домаќин на настанот на кој Националниот совет за родова рамноправност ја претстави кампањата за ратификација на Европската конвенција за борба против семејно насилство ,т.н. Истанбулска конвенција пред жените од бизнис секторот од Кавадарци. Фени Индустри како компанија во своите стратешки определби негува родово сензитивни политики, преку кои застапува еднакви можности за сите односно класификација и селекција на човековите ресурси единствено според нивните професионални квалитети.
Искуството на Фени Индустри покажува дека имплементирањето на овие политики дава резултат и во своите редови има успешни жени на сите нивоа во структурата на Компанијата. Исто така, Фени Индустри во рамките на спроведувањето на добри општествени практики, преку споделување на истите со други субјекти од локалното и националното бизнис окружување се обидува да постигне домино ефект, односно да ја пренесе пораката дека родовата еднаквост е милениумска цел од висока важност.
Самата кампања беше преставена од Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност, а учество зедоа преставнички од бизнис секторот од Кавадарци, меѓу кои домаќинот ФЕНИ, локалните филијали на Стопанска, и Алфа Банка, Велком Трејд, Регионалната Стопанска Комора и други. Во знак на подршка на оваа кампања, пред присутните се обрати и Заменик Генералниот Директор Герасим Кујунџиев, кој истакна дека после минатогодишната конференција на тема на родова еднаквост организирана токму од ФЕНИ во рамките на нивните општестено одговорни политики, овој настан е само продолжение на овие заложби и продолжение на соработката со Националниот Совет за Родова Еднаквост.

Додади коментар