Приемен ден кај градоначалникот - Јанчев остварил средба со 110 граѓани
18-07-2019 РЕГИОН
„Средбите на Градоначалникот Митко Јанчев со граѓаните и дискусиите околу тековните и планираните проекти се многу чести и се од големо значење за работата на општината и нејзината транспарентност. Денес имаше приемен ден на жители на Општина Кавадарци кои сакаат да посочат за даден проблем или решение.
Градоначалникот заедно со службите од локалната самоуправа и ЈП Комуналец се сретнаа со 110 жители на Општина Кавадарци“ - се вели во известувањето од кабинетот на градоначалникот Јанчев.

Додади коментар