Продолжениот викенд помина без инциденти
02-05-2017 РЕГИОН
Зад нас останува мирен продолжен првомајски викенд. Таква е оценката на надлежните во Кавадарци.
Празникот на трудот кој традиционално во Тиквешијата поминува со излети и скара, годинава се заокружи без сообраќајни незгоди, инциденти и алкохолизирани лица.
Полициска станица Кавадарци не бележи нарушувања на јавниот ред и мир.
Мирно поминал продолжениот празничен викенд оценуваат и од итната медицинска помош. Од таму началникот на службата, д-р Антоан Паракеов потенцира дека за време на празникот брзата помош реагирала при интоксикација само кај едно алкохолизирано лице на 15 годишна возраст. Сите останати интервенции биле вообичаени и не поврзани со празникот.
Милица Младенова

Додади коментар