По прогласување на мерките за заштита од корона пандемијата во месц март Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци ја стави во мирување курсната настава по прва помош за возачи, фокусирајќи се на активности за помош и подршка на населението за превенција од корона вирусот.
Неделава со олеснување на меките за заштита од корона вирусот, поточно на 19 мај 2020 година се отпочна повторно со организација и реализација на курсната настава по прва помош за возачи во просториите на Општинската организација на Црвениот крст Кавадарци.
Поради зголемениот интерес на кандидатите во текот на неделата во тек се обуки за повеќе групи, а исто така и наредната недела продолжуваме со формирање на групи и одржување на курсната настава во просториите на Општинската организација.
Сите заинтересирани лица за посета и обука по прва помош може да се јават на телефонските броеви на 043 /412 /936 и 070/239/352 или да дојдат лично да се информираат во просториите на Општинската организација Кавадарци во термин од 08-16 часот секој работен ден - се вели во соопштението од кавадаречкиот Црвен Крст.

Додади коментар