Продолжува крпењето на ударните дупки во Кавадарци
19-05-2016 РЕГИОН

Два милиони денари ќе се потрошат од општинската каса за крпење на ударни дупки во градот. Интензивно се работи на терен. Вчера се крпеа ударните дупки наспроти СОЗУШ „Ѓорче Петров“, а со оваа акција ќе бидат опфатени улици и од периферните делови на градот.

 

„ Овој пат работиме  малку со поголем интензитет и обем кога се во прашање и инвестициите. Некаде околу 2 милиони денари ќе бидат потрошени за оваа акцијам  за разлика од претходната,  кога имавме половина. Почнавме прво со отворање на ударните дупки, а потоа и на крпење.  Се одлучивме на поголем износ бидејќи имавме замерки од луѓето кои живеат во периферните улици дека не секогаш има доволно асфалт за нив. Сега имаме поголеми количини за нив. Направивме скенирање на сите улици.“ рече градоначалникот Александар Панов.

 

Тој  упати апел до граѓаните, во наредните денови во граѓанско информативниот центар да пријават некој дефект или ударна дупка предизвикана од дефекти од  ЈП Комуналец или пак од дотрајаност на асфалтот.

А.Д



Share

Додади коментар