Продолжува реализацијата на проекти за подобро водоснабдување во Неготино
26-05-2015 РЕГИОН

Општина Неготино продолжува со реализација и спроведување на проектите и пот-проектите за решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето во Општина Неготино. Имено, преку проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светската банка, општина Неготино обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „ реконструкција на водоводната мрежа во општина Неготино “. како што е предвидено имплементацијата на проектот предвидено е да трае 9 месеци, а самиот проект предвидува: реконструкција на 10 водоводни линии во општина Неготино и изградба на нов резервоар. водоводните линии ќе се реконструираат во град Неготино и тоа: ул. 12 Ваташки другари, 29 Ноември, Ацо- аџи Илов, Душан Јуруков, Енгелсова, Ило  Виларов, Киро Крстев, Ленинова, Никола Петров и ставре Ставров , а предвидено е новиот резервоар да се изгради во населбата Тимјаник.вкупнатадолжина на која ќе се реконструираат водоводните линии изнесува 3,903,00 метри.Реконструкцијата на постоечките водоводни линии ќе се врши со замена на старите азбест цементни цевки со нови полиетиленски цевки со различна должина и дијаметар со притисок од 10 бари.

Локацијата на водоводните цевки е по должината на 10 улици во градот Неготино.Новите ПВЦ цевки ќе бидат поставени во ровови 0.8m ширина и длабочина 2м. На дното на секој ров ќе биде поставен песок во висина од 10 см , проектот предвидува и изградба на шахти за воздушни вентили ,отпусни вентили, и хидранти за пожар.

 М.А

 



Share

Додади коментар