Продолжуваат градежните активности на стадионот во Кавадарци
31-01-2020 РЕГИОН

Агенцијата за млади и спорт и општина Кавадарци продолжуваат со гардежните работи на „Градскиот стадион“. Ангажираната оператива деновиве работи на нивелирање на земјената подлога како подготовка за поставување систем за дренирање, потоа линија за полевање и нова трева - информираат од локалната самоуправа.


Според проектот најпрвин целосно беше отстранета старатa трева, а подлогата под неа се подготви за следните делови од процесот за реконструкција на теренот.


Градкиот фудбалски стадион освен промената на сегашната подлога со нова трева, ќе добие и современо осветлување за одигрување на ноќни натпревари.


Сегашната трева на теренот, беше поставена летото 1968 година пред стартот на првенството вотогашната југословенска Втората сојузна фубалска лига- група исток, каде Тиквеш за прв пат се натпреваруваше во сезоната 1968/1969 година.



Share

Додади коментар