Проект на Црвен Крст: „Подобрување на социјализацијата кај лицата со посебни потреби“
09-10-2013 РЕГИОН

Археолошкиот локалитет Стоби денеска го посетија педесетина дечиња од посебните паралелки при ООУ Страшо Пинџур и дневниот центар за лица со посебни потреби Кавадарци.

 

Едно дневната екскурзија им ја организираше Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци во рамки на проектот ,,Подобрување на социјализацијата кај лицата со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална Банка. Целта на оваа екскурзија е дечињата да се дружат, да ја развиваат социјализацијата и да уживаат во археолошките богатства што ги нуди Стоби.

 

Покрај нивните ментори со нив денес беа и деца претставници од клубот на млади при кавадаречкиот Црвен Крст кој им помагаа во активностите и се дружеа заедно со нив. Проектот ,,Подобрување на социјализацијата кај лицата со посебни потреби,, Црвениот крст на Кавадарци го работи веќе трета година по ред. Во рамки на истиот дечињата од посебните паралелки при ООУ Страшо Пинџур и Дневниот центар за лица со посебни потреби посадија цвеќиња по повод празникот на жената 8 ми март, цртаа и фарбаа велигденски јајца, во рамки на Тиквешкиот Гроздобер изработија маски, денес уживаа во еднодневната екскурзија до Стоби, а до крајот на годината им остануваат активностите за одбележување на 31 октомври денот на штедењето на кој заедно со финансискиот подржувач  Комерцијална Банка ќе штедат за заеднички го заокружат целиот проект на 3 ти декември денот на лицата со посебни потреби.

 

Од Црвениот Крст на Кавадарци велат дека со годишниот извештај ќе се сумираат и резултатите од овие активности со кој се надеваат ќе обезбедат и лимит за соработка и во следната година. Социјализацијата кај лицата со посебни потреби е најважна категорични се од Црвениот Крст.

Милица Младенова



Share

Додади коментар