Согласно програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2013 година на Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој со која се финансира и патната инфраструктура во руралните средини, општина Кавадарци со одлука на советот на последната седница како приоритетни ги избра проектите за проширување на локалниот пат с. Бохула –с.Крњево и изградбата на патот Кавадарци-с.Дисан.
Со првиот проект се опфаќа реконструкцијата и проширувањето на постоечкиот пат кој што ги поврзува селата Бохула И Крњево во должина од близу 4,5 километри и широчина од 5,5 метри. Како што се предвидува во проектот, проширувањето ќе биде по целата должина на постоечкиот пат од 2 метри, како би се добил коловоз во широчина на коловозна конструкција од 5,5 метри.
Реализацијата на овој проект ќе има големо влијание врз подобрувањето на животните стандарди на граѓаните кои живеат во овие села,позитивно ќе се одрази на стратешкатаљ определба на општина Кавадарци за заживување на селата, како и зголемување на бројот на жители, се вели во образложението на одлуката, а посебно се нагласува значењето за развој на туризмот затоа што се гради делница која го поврзува Ски центарот Кожуф со општина Кавадарци.
Со изградбата на дел од патот Кавадарци- с. Дисан ќе се овозможи поврзување на Кавадарци со селото по многу пократок пат, а со тоа и луѓето кои што гравитираат кон овој дел ќе можат побрзо и полесно да си ги завршуваат своите работи.
Ангел Данов

Додади коментар