Проектот за нови семафори во Кавадарци во завршна фаза
29-05-2019 РЕГИОН

Сообраќајниот проект за подобрување на светлечката патна сигнализација влегува во завршна фаза. Во функција е семафорското решение на раскрсницата на „Илинденска“ со улиците „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „7 Септември“.

 

Со работата на целосно обновените семафори на една од најпрометните раскрсници се воведе ред во норемалното одвивање на сообраќајот.

 

Во наредните денови се очекува во функција да се предаде и обновениот семафор кај основното училиште „Гоце Делчев“, каде се работи на поставувањето на подземната електрична инсталација.



Share

Додади коментар