Променливото време може да направи проблеми во земјоделското производство
26-06-2015 РЕГИОН

Променливото време,  честите приврнувања и високите температури можат негативно да се одразат врз земјоделските култури, алармираат агро стручњаците. Тие нагласуваат дека редовно треба да се врши преглед на насадите за евентуалните болести навреме сеоткријат и се изврши хемиска заштита против нив.

 

Проф. Д-р Ристо Вучков нагласува дека во овој период постои опасност од појава на пепелница, но дождот и сончевите зраци можат да доведат и до појава на пламеница.

„Потребно е лозарите посебно да бидат внимателни и да вршат контрола на своите насади. Само со редовни прегледи можат да се избегнат штети од болестите и штетниците. Потребно е исто така земјоделците, лозарите да се поврзат со стучни лица за навремено да имаат дијагноза за своите насади“ нагласува проф. Д-р Ристо Вучков.

 

Од УХМР алармираат дека  постои веројатност, за променливи и понестабилни временски услови во претстојата летна сезона јуни-јули-август.

 - Иако, во однос на температурите не се очекуваат поголеми отстапувања, карактеристично за овој период би била зачестената појава на нестабилни атмосферски услови, кои вообичаено се проследени со појава на краткотрајни поројни врнежи, засилен ветер, грмежи, град, а во одредени ситуации овие процеси можат да бидат и многу поинтензивни и да доведат до појава на локално невреме и поплави, е прогнозата за ова лето од УХМР.

А.Д



Share

Додади коментар