Пронајден и петиот исчезнат планинар
02-03-2017 РЕГИОН

Планинарот по кого синоќа и утринава трагаше полицијата и планинари од ПСД „Орле“ е пронајден жив. Според нашите првични информации планинарот го пронашол  жител на селото Шешково и ја известил полицијата.

 

Од МВР информираа дека вчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци било примено известување дека на пат кон врвот “Орле” кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје.

 

 Во потрагата беше вклучена екипа на МВР со хеликоптер, Гранична полиција Кавадарци и планинари на ПСД Орле.

 

Во речиси без сознание ги најдовме четирите лица. Временските услови но и теренот во делот каде се упатиле истите се многу лоши. Орле знае да е предизвик за многумина, но на него не смее ни да се помисли ако се нема физичка и психичка подготвеност, планинарска опрема и добро познат терен, вели претседателот на Орле, Никола Минчоров.

 

Тој во својата изјава за вестите на ктв опишува дел од потрагата, мобилизацијата на надлежните, очекувањата од денешната потрага, но и опасноста на врвот Орле.

А.Д

 

 

 



Share

Додади коментар