Пронајдени мигранти кај Демир Капија
25-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

10 лица мигранти од Авганистан и Пакистан се откриени синоќа  во возило со скопски регистарски ознаки кај мостот Клисура во близина на Демир Капија. Информацијата денеска ја потврдија од СВР Велес. Мигрантите биле задржани во неготинската полиција за расчистување на случајот.

 

„ Синоќа во 21.30 часот на автопатот А-1 на делницата Гевгелија- Неготино, кај мост Клисура, запрен е патнички автомобил марка „Мерцедес“ со скопски регистарски броеви управувано од С.О.(47) од Скопје и при изврешната контрола до возило се пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан и Пакистан штотуку излезени од истото.  Возачот и патниците се приведени во ПС ОН Неготино каде се задржани до расчистување на случајот.“ информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

 

 

A.Д

 



Share

Додади коментар