Проширување на дворните површини на училиштата во Росоман и Сирково
12-05-2016 РЕГИОН

Се прошируваат и поплочуваат со бекатон плочки дворните површини низ училиштата во Росоман и Сирково. Дворот на подрачното училиште во село Сирково е веќе завршен, а за многу кратко време нов лик ќе добијат сите влезови до образовните институции во Општината информираат од оделението за односи со јавноста при Локална Самоуправа Росоман.

 

За оваа намена предвидени се 1 милион денари од кој 800 000 се од буџетот на ООУ Пере Тошев, а останатите 200 000 од буџетот на општина Росоман. По средувањето на пристапните терени до училиштата втората фаза е осветлување на повеќе наменските спортски игралишта низ сите населни места, инфомрираат од Локалната Самоуправа. Од таму додаваат дека овие спортски терени ќе бидат осветлени со професионални рефлектори.Локаланата самоуправа смета дека истите ќе овозможат слободен пристап за сите љубители на спортот особено за младите кој до вечерните часови ќе можат да го трошат на спорт и рекреација слободното време.

 

Повеќенаменското спортско игралиште во село Сирково е веќе осветлено.Поводот беше селската слава ѓурѓовден, а до крајот на оваа недела осветлени ќе бидат и останатите игралишта.Рефлекторите се приклучуваат на уличнот осветлување, а нивната монтажа ја врши фирмата која се грижи за уличното осветлување во Општина Росоман информираат од Локалната Самоуправа.

 

Милица Младенова

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар