Пуштен во функција патот Ресава - Бегниште
01-12-2014 РЕГИОН

Денеска свечено беше пуштен во употреба патот кој и тоа како го олеснува движењето и ги спојува селата Ресава и Бегниште.Според градоначалникот Александар Панов решен е деценискиот проблем кој пак сега ќе има приоритет да го зголеми и економскиот развој.

 

37,5 милиони денари чини оваа инвестицвија со која асфалтирани се 4,4 километри во должина, а патот е проширен од 2 на 5,5 метри.Директорот на ЈП државни патишта Љупчо Ѓеоргиевски потенцира дека од 2010 година до денес изградени се 688 километри локални патишта.

 

Присутна на свеченото пуштање на патот Ресава Бегниште денеска беше и министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска.Покрај брзата и олесната комуникација ова ќе значи и економски развој смета Милеска.

 

Претставници на ЛС, претседателот на советот, неколку советници и граѓани денеска беа присутни на свеченото пуштање во употреба на патот Ресава Бегниште.

Милица Младенова



Share

Додади коментар