Расте бројот на болни од грип вo Kавадарци
12-01-2016 РЕГИОН

Променливото време оди во прилог на ширење на грипот, како вирусно заболување во овој период од годината. Според информациите од Центарот за јавно здравје во Кавадарци бројот на болни од грип во Кавадарци од почетокот на сезоната,  заклучно со последната недела се искачил на 80 болни.

 

„Изимнатава недела матичните лекари регистрирале 19 нови грипозни лица. Споредено со претходните недели од почетокот на сезоната на грип кога се бележеа по 2-5 болни ова е најголем број заболени во една недела“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

 

Споредено со овој период од минатата година во Кавадарци се бележи годинава најголем број на заболени. Д-р Јовановски смета дека бројот на болни дополнително ќе се зголемува со почетокот на второто полугодие од учебната година.

А.Д



Share

Додади коментар