РЕАКЦИЈА на Благојче Петров од Дебриште - првиот казнет со 2500 евра за непочитување на мерките за заштита од Covid19
19-03-2020 РЕГИОН

Почитувана КТВ телевизија, почитувани граѓани на Република Северна Македонија.

 

Јас, Благојче Петров од с. Дебриште, по објавувањето на натписот од КТВ телевизија за  цитирам „ПРЕСУДА: 2500 eвра казна за лицето од с.Дебриште кое не ги почитувало превентивните мерки“, чуствувам за неопходно да го демантирам изнесеното во натписот од причина што Основниот суд Кавадарци, избрзано и без целосна утврдена фактичка состојба, по итна постапка, донел пресуда,  со која мене ме обвинува, за непочитување на превентивните мерки, за ширење на корона вирусот  и со истата пресуда  одредил казнаод 50 дневни глоби или во парична вредност судот  изрекол казна во висина од 2500 евра.

 

Точно е дека јас влегов во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија, преку Бугарија во Република Северна Македонија.

 

Околу Изјавата за задолжителна самоизолација, во разговор со полицискиот службеник ми беше кажано дека не е задолжително потпишувањето за професионалните возачи на тешки товарни возила.

 

Откако стигнав на нашиот граничен премин вообичаено како и секогаш, со целокупната документација, ги обавував сите неопходни гранични и царински процедури .

 

Имено Владата на Република Северна Македонија на својата 20 седница одржана на ден 16. 03. 2020 година донесе Одлука  за изземање на професионалните возачи од мерката 14 дневен карантин (самоизолација), односно за усогласување на ставовите меѓу државните институции и истата се спроведува на следниот начин:

 

При влез во државата на граничниот премин на возачите ќе им се дава Дозвола со која во прилог ќе се прикачуваат Процедури за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз, со што на возачот ќе му се дозволи да го продолжи патувањето. Обврската да се изврши тест преглед за присуство на KOVID 19 се однесува само на оние возачи кои имаат некакви симптоми (покачена телесна температура, кашлање, кивање и сл) и согласно резултатите ќе му се одредат мерки за изолација или пак доколку тестот е негативен ќе му се издаде Дозволата како и во останатите случаи.

 

Почитувајќи го погоре изнесеното, ниту во еден момент не сум направил Кривично дело за непочитување на превентивните мерки за ширење на корона вирусот. Незнам како Јавниот обвинител од Кавадарци и врз која основа без претходно целосна утврдена фактичка состојба брзоплето поднел обвинение со кое  Основниот суд носи „ПРЕСУДА: 2500 eвра казна за лицето од с.Дебриште кое не ги почитувало превентивните мерки“,

 

 Во контекст на демантот го отварам и прашањето за дејствувањето на полициските службеници од МВР ПС Кавадарци, кои исто така спротивно на погоре споменатата  Одлука на Владата на Република Северна Македонија, ме држат во изолација, а за која спремам и Преставка до Министерството за внатрешни работи на Р. Северна Македонија поточно до Внатрешна контрола.

 

Се чуствувам невин!

 

Во прилог Ви ги достставувам копија од следните документи за увид на јавноста и тоа:

-Известување од Здружението на превозници на Република Северна Македонија

-Дозвола од Државниот санитарен и здравствен инспекторат

 

Со почит,

Благојче Петров од с. Дебриште.

 

 

 

  



Share

Додади коментар