Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на изјавата на министерот Николовски
05-04-2019 РЕГИОН

СДСМ континуирано ги манипулира и лаже граѓаните. Обесштетувањето на лозарите две недели пред изборите е класичен политички поткуп.  Ова ветување беше дадено уште во месец Јануари а СДСМ чекаше токму во сред претседателска кампања да ги обесштетува лозарите.  Лозарите во Кавадарци  од СДСМ не видоа никаков аир и корист.

 

СДСМ треба да одговара за штетите кои му ги нанесе на земјоделието. Која беше улогата на тогашниот технички министер за земјоделие  во техничката Влада  Љупчо Николовски во 2015 и 2016 година кога се направени долговите спрема лозарите. Министерот Николовски да одговори   дали во 2015 и 2016 година  заедно со   лидерот на опозицијата Зоран Заев сегашниот премиер  има остварено средби со некои од менаџерите на овие визби и што се имаат договарано.

 

Дали на овој начин Владата стимулира ваков вид на неодговорно однесување на винариите  односно не исплаќање на средства и по неколку години.

 

СДСМ го урниса земјоделието, нема зелена нафта а со зголемувањето на акцизата производствените трошоци за лозовите насади додатно се зголемија.  Земјоделците едвај преживуваат и едвај ги обработуваат лозовите насади кои што ги поседуваат. Заради очајно  лошата состојба во лозарството  која ја предизвика СДСМ голем дел од лозарите и семејствата кои поседуваат лозови насади размислуваат да се откажат од оваа гранка.  Нема ништо ни од субвенциите од 1 денари за килограм предадено грозје кои беа ветени. СДСМ ги лаже кавадарчани и само пред избори им ветува брда и долини додека низ целата година е гола борба за опстанок за што СДСМ воопшто не се интересира. Земјоделецот е оставен сам на себе. 

 

СДСМ мора да си замине за да престане оваа катастрофална состојба во земјоделието и во лозарството. СДСМ е претставува колатерална штета за земјоделието. Што побрзо си заминат тоа побрзо земјоделците ќе видат бел ден.

 

ВМРО ДПМНЕ  има програма за земјоделците и таа ќе се спроведе штом СДСМ си замине од власт. Со гласање за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и победа на претседателските избори и нови предвремени избори на оваа голготата за земјоделците што ја доживуваат од страна на СДСМ ќе и се стави крај.

 



Share

Додади коментар