Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од ОО на СДСМ Кавадарци
28-08-2016 РЕГИОН

Навистина е жално да се гледа како преку прес-конференции СДСМ сака да ја замајува јавноста за состојбите во лозарството.

          Жално е бидејќи лозарите се најнапатените од владеењето на СДСМ со Македонија.

          Сите лозари паметат дека СДСМ им ги подари винариите на своите олигарси.

          Сите лозари паметат и дека во времето кога СДСМ владееше со Македонија, мастика за џвакање вредеше повеќе отколку 1 килограм грозје.

          Субвенции? Едноставно немаше.

          За разлика од времето на СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е земјоделска.

          ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката на земјоделецот.

          Денес ги помагаме лозарите кога подигнуваат нови лозови насади, а и кога набавуваат нова земјоделска механизација.

          Се овозможи и решавање на огромен проблем што лозарите го имаа со насадите на земјиште на кое немаа регулиран закуп, а се субвенционираат и постоечките лозови насади.

          Денес лозарите се во директни разговори и со Владата и со откупувачите,  додека во времето на владеењето на СДСМ маките на лозарите немаше кој да ги слушне, па ги сметавте за граѓани од трет ред.

          Затоа на лозарите им е доста од ароганцијата на СДСМ и деструктивните политики на Заев кој се збогати со субвенциите од оваа Влада и криминалите во Општина Струмица.

 

 

 

.

  Со почит,                    ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци



Share

Додади коментар