Кавадарци доби уште еден ревитализиран простор за паркирање. Oперативата на фирмата „Коле Транс“ од Штип изврши асфалтирање со нов асфалт на паркингот на улицата „Тиквешко востание“ кај поранешната стоковна куќа.
На површина од 800 квадратни метри се постави нов асфалт на платото над подземната гаража. Реализацијата на овој проект е донација фирмата „Коле транс“.
Со овој зафат Општина Кавадарци и обезбедува подобри услови за паркирање во строгиот центар, веднаш до зградата на општината - информираат од општинската служба за односи со јавноста.
Новиот принцип на работа на општината за систематско и навремено завршување на работите успешно доведе до реализација на уште еден комунален проект.
Неполни 24 часа по поставувањето на новиот асфалт на обновениот паркинг на улицата „Тиквешко востание“, специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.
На површина од 800 метри квадратни се обележаа вкупна 24 паркинг места, од кои 4 се наменети за такси стојалиште,а две за инвалиди.
Овој паркинг простор се наоѓа над подземната гаража, а тие во целина ќе бидат дел од ЈП „Паркинг“.

Додади коментар