Реконструкција на влезот на библиотека „Феткин“
14-04-2020 РЕГИОН

Согласно проектот ќе се изврши дислокација на влезот со што постоечкиот од источната страна се затвара, а се отвара нов влез од северната страна.
Тоа значи дека главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на овој објект.
Паралелно со дислокацијата на главниот влез се врши замена и на старите прозорци кои гравитираат на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло.

Со овој зафат за отстранување на пристапните скали, општината ќе обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, а со тоа и до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез во градскиот зелен пазар.

Додади коментар