Реконструкција на фекална канализација во с.Марена.
20-07-2020 РЕГИОН
Се реконструира фекалната канализација во село Марена, информираат од локалната самоуправа.
Станува збор за решавање на долгогодишен проблем со фекална канализација за неколку семејни куќи (спроти училиштето) кои до сега канализацијата му истекувала во долот. Со овој потег канализациите од овие куќи се прифаќаат во една главна , и се приклучуваат во новиот колекторски систем.
Должината на оваа реконстуркција е околу 100м, и инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец - Кавадарци.

Додади коментар