Рекорд во Тиквешијата: 20 нови позитивни - меѓу нив и 3 годишно дете од градинка
18-10-2020 РЕГИОН

Тригодишно дете од Неготино кое посетувало градинка е меѓу позитивните во денешната статистика на Центарот за јавно здравје Кавадарци. Во изолација се 13 деца, воспитувачка и негователка.

 

Од почетокот на пандемијата, денеска во Тиквешијата се бележи рекорден број на нови позитивни, вкупно 20. Во Кавадарци има 15 нови случаи, 3 во Неготино и 2 во Демир Капија.

 

Меѓу позитивните во Кавадарци има медицинска сестра. 

 

„ Позитивните се на возраст од 3 до 72 години. Сите се со симптоми на вирусот.  Само петмина биле во контакт со позитивни, а останатите не знаат како се заразиле. Двајца се хоспитализирани поради компликации“ информира епидемилог д-р Ристе Јовановски.

 

Непочитувањето на мерките, организирањето на семејни прослави, свадби, крштевки родендени, ги даваат неповолните резултати - велат лекарите.

А.Д



Share

Додади коментар