Росоман ги утврди критичните точки за евентуални поплави
03-02-2015 РЕГИОН

Активно се работи на терен во општина Росоман. Стручните служби на локалната самоуправа ги утврдиле критичните точки и веќе преземени се активности за спречување од поплавите. Дознаваме дека на терен во Росоман делува и механизацијата на Машинокоп која излегува во пресрет со цел навреме да се интервенира и да се спречи катастрофа.

 

Од одделенеието за комунално уредување при локална самоуправа Росоман дознаваме дека во текот на денешниот ден се чистело коритото на крушевичка река. Се отстранувале дрвјата, онаму каде имало застој на водата  се проширувало коритото. Се е подготвено на терен да се работи и утре велат од општината. Во текот на утрешниот ден според стручната служба ќе се чисти Црна Река во нај критичните делови, на местата каде е излеана ќе се поставуваат барикади на брегот, а ќе се чисти и патот кон село Паликура.

 

Засега според првичните проценки од терен големи штети нема, а поплавени се само неколку хектари земјоделска површина.Од локалната самоуправа додаваат дека службите се подготвени, ќе се работи засилено и ќе се делува превентивно.

 М.Младенова



Share

Додади коментар