Ротари клуб Кавадарци не запира со своите активности за подршка во заедницата, пред се со активностите за подршка на децата. Синоќа по повод 20 ти ноември – меѓународниот ден на детето, ротаријанците организираа вечера и дружење со децата кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, сместени во мал групен дом во Кавадарци.
Целта на ова дружење, како што велат од ротари клубот е мотивација и инклузија на овие деца, а е дел од проектот „За децата на Кавадарци“. Синоќешниот беше прв ваков настан, а од ротари клубот најавуваат дека вкавото дружење ќе продолжи и во иднина.
„Средбата ја искористивме за дружење. Разговаравме со децата и им приредивме пријатни моменти. Сакаме да им покажеме дека не се сами и дека општеството мисли на нив. Ова нека биде поттик и за други вакви и слични дружења со овие деца“ велат од Ротари клуб Кавадарци.
А.Д

Додади коментар