СДСМ: Вирусoт е присутен и опасен, со одговорно почитување на мерките ќе успееме
04-06-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од прес конференцијата) На вчерашната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, беа донесени одлуки со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Имено почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце,

Во сите останати градови, вклучувајќи го и Кавадарци се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро, а додека во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Петок (5 јуни) е неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби, а со цел да нема групирање и дополнително зголемување на можноста да се заразиме од вирусот.

Вирусот е присутен и опасен.

Само со доследно и одговорно почитување на мерките ќе успееме.

Имавме одлични резултати.

Здравствениот систем е подготвен и понатаму да се справува со предизвикот.

Имаме целосно стабилни општини. Една од нив е секако и општина Кавадарци, во која здравствените институции, какои совесноста на граѓаните, претставуваат светол пример за успешната борба со вирусот до сега.

Меѓутоа важно е да и во периодот кој следи,да ги почитува сите мерки, во целост.

Секој од нас мора да носи маска, да држи физичка дистанца од 2 метри и секако да не се групираме.

Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства.

Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Голема поддршка до сите здравствени работници кои се во првата линија на фронтот, како и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките.

Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас.

Ќе успееме!



Share

Додади коментар