Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти на централно и локално ниво остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев - рече на денешната прес конференција пратеничката од Кавадарци од СДСМ, Даниела Колева. Таа нагласи дека оваа година, за тиквешкиот регион издвоена е една четвртина од вкупниот републички буџет за патна инфраструктура.
(интегрален текст) Ветивме, подобрување на патната инфраструктура, и со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој.
Во изминатиов период во општина Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти. Имено извршивме изградба на нов мост и проширување на патот околу мостот во Ваташа, направивме рехабилитација на патот Кавадарци- Росоман, како и реконструкција на патот Мушов Гроб- Мрежичко.
Ова се проекти од исклучително значење за граѓаните, за компаниите кои гравитираат во целиот овој регион. Покрај овие инфраструктурни проекти, започнавме со реконструкцијата на патниот правец Кавадарци- Дреново, инвестиција од страна на Владата предводена од СДСМ.
Со ова реализираме уште едно од клучните наши изборни ветувања од минатогодишните избори. Покрај ова, во овој регион во план е реализација на уште еден значаен инфраструктурен проект за целиот овој регион. Имено во програмата на ЈП Македонија пат планирано е надградба на оштетен коловоз на регионалниот пат од прва категорија P1103, Неготино-Глишиќ, која треба да започне во наредниот период.
Северна Македонија се гради и поврзува, со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура, за да се патува полесно и побезбедно.
Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се сигурен рецепт за рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на економски раст.
Токму затоа оваа година, за нашиот регион издвоена е една четвртина од вкупниот републички буџет за патна инфраструктура.
Градиме по план, инвестираме во проекти кои се важни за граѓаните.

Додади коментар