СДСМ: Зошто Митко Јанчев не се појави на дебатата на МТВ?
25-09-2017 РЕГИОН

 

Почитувани сограѓани, дебатата е основна демократска придобивка и вредност. Дебати има во секоја развиена демократска земја, а некаде, како на пример во САД, тие се и задолжителни. На дебатите кандидатите за градоначалници ги претставуваат своите програми и своите концепти за развој на градот.

 

Денеска се одржа ТВ дебата на Македонската Радио Телевизија помеѓу кандидатите за градоначалници за Кавадарци. На дебатата присуствуваа само кандидатот од СДСМ, Бетиане Китев и независниот кандидат Борис Давидов. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, во стилот на неговиот шеф Груевски кој 10 години бегаше од дебата, исто така не се појави на дебатата, со што јавно ги навреди и ги потцени граѓаните на Кавадарци.

 

Не е дозволиво во 21-от век да се кандидирате за одговорна јавна функција, а да бегате од дебата. Кога бегате од дебата, или се плашите, или нешто криете. За крај, уште еднаш, јавно го повикуваме господинот Јанчев, да прифати ТВ дебата. Оставаме тој да одбере и време и телевизија на која би се одржала ТВ дебатата. Граѓаните на Кавадарци и демократската јавност, го заслужуваат тоа - се вели во соопштението од ОО на СДСМ Кавадарци.



Share

Додади коментар