Со писмена реакција на отчетот за сработеното кој денеска го даде градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов се огласија од ОО на СДСМ Кавадарци. Тие го обвинуваат градоначалникот за ветени, а нереализирани проекти.
интегрален текст - Почитувани граѓани на Кавадарци, Денеска, Александар Панов, инаку осуден на два месеци затвор за изборен поткуп, се обиде да го презентира сработеното од неговиот осумгодишен мандат. Господинот Панов се обиде на овој прес, тековните работи на општината, да ги презентира како свои проекти за овие осум години додека е тој градоначалник.
Веруваме дека граѓаните на Кавадарци ќе се согласат дека неколку улици, тротоари и еден кружен тек се премалку за осум години мандат и за вкупен буџет од 80 милиони евра. Би сакале да го прашаме Панов, каде се ветувањата од неговата програма: Аква паркот кој требаше да биде на местото на градскиот базен, потоа Затворениот Пазар и Деловно-Трговскиот Центар , па Подземниот коридор под градскиот плоштад, реконструкцијата на главните булевари во градот (погледнете го само Северниот булевар), соларниот град (соларните панели) на Витачево и уште многу други работи?
70-80% од ветените работи ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА не се реализирани. Во историјата на Кавадарци, Панов ќе остане запаметен како најлош градоначалник, и како прв градоначалник кој ќе оди во затвор за изборен поткуп. – СЕ ВЕЛИ ВО ПИСМЕНАТА РЕАКЦИЈА ОД ОО НА СДСМ КАВАДАРЦИ

Додади коментар