Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција упати честитки до сите граѓани по повод 7 ми септември денот на ослободувањето на Кавадарци и 8 ми септември - денот на независноста на Република Македонија.
(интегрален текст) Дозволете од мое лично име, и од името на О.О на СДСМ да ви ги честитам, денешниот празник 7-ми септемви, денот на ослободувањето на град Кавадарци, и утрешниот празник 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија.
Двата датуми иаку се однесуваат на различни временски периоди, претставуваат дел од заокружувањето на процесот на македонскиот народ за создавање на самостојна држава. Првиот како дел од борбата за слобода против фашистичкиот окупатор, а вториот како ден во кој го остваривме нашиот вековен сон за независна и самостојна држава.
Нашите предци биле одговорни и храбри луѓе.
Луѓе кои во одредени моменти биле спремни, со крв да ја платат изградбата на македонската држава.
На нас сега останува истата да ја зачуваме.
На 30-ти септемви македонскиот граѓанин е исправен пред нова, историска одлука за иднината на нашата држава. Одлука од која ќе зависат политичкиот, економскиот, безбедносниот, културениот и секаков останат аспект на нашата иднина. На 30-ти септември создаваме држава на стабилни и сигурни темели.
Јас сум убеден дека оваа генерација на македонски граѓани, ќе го препознае моментот и значајноста на историската одлука.
Јас сум сигурен дека македонските граѓани ќе изберат за себе подобра и просперитетна иднина.

Додади коментар