Претседателот на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Зоран Ѓорѓиев на прес конференција денеска информира дека владата предводена од СДСМ на вчерашната седница донела одлука за отстапување на државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар.
„Уште во првите два месеца од мандатот, граѓаните на Кавадарци ги чувствуваат придобивките од работата на новата реформска влада предводена од СДСМ и реализацијата на дел од ветувањата кои беа зацртани во програмата „План за живот во Македонија“.
На вчерашната седница, Владата на Република Македонија позитивно одговори на барањето на општина Кавадарци и донесе одлука за отстапување на државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар. Со оваа одлука се решава еден децениски проблем на локалната заедница и на граѓаните на Кавадарци. Истовремено, оваа одлука позитивно ќе влијае на економскиот и социјален развој на Кавадарци и на целиот регион.
Ова е само една од низата мерки и проекти кои се однесуваат на нашиот град и нашите сограѓани. Следуваат и други мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Кавадарци“ - рече Ѓорѓиев.
А.Д

Додади коментар