Продолжува предистражната постапка за случајот со фотографирање на избирачкиот список на избирачко место во Кавадарци, но засега многу детали со јавноста не се споделуваат. Од обвинителството денеска добивме информација дека се води предистражна постапка и се разговара со луѓе кои биле вклучени во вибер групата, каде циркулирале сликите со избирачкиот список.
СВР Велес во петокот информира дека на 16.07.2020 во 17.00 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци била повикана Е.К.(23) од Кавадарци, поради сомнение дека како член на избирачки одбор на гласачко место бр.687 во Кавадарци на 15.07.2020 сторила кривично дело „повреда на тајноста на гласање“. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава - информираа од СВР Велес.
Како што пишувавме, повеќе лица, членови на избирачки одбори и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се повикани и се повикуваат во полицијата за расчистување на овој случај, каде постои сомнеж за нарушување на тајноста на гласањето, а тоа е кривично дело, за кое законот пропишува затворска казна од 5 години.
Од општинската организација на СДСМ го обвинуваат раководството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај. “Наместо со програма, со решенија за проблемите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци се занимава со изборни измами, со притисоци врз граѓаните на денот на изборите“ стои во нивното соопштение.
А.Д
фото: илустрација

Додади коментар