Се подготвува за асфалтирање ул.„Наќо Лазовски“ во Кавадарци
02-12-2020 РЕГИОН
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ започна со подготовка за асфалтирање на коловозот на ул.„Наќо Лазовски“ - информираат од локалната самоуправа. 
 
Деновиве беше отстранет стариот асфалт, а потоа ќе следи тампонирање и поставување на нов асфалт.
Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на ул.„Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходно како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од ул.„Дисанска“.
 


Share

Додади коментар