Се подобрува уличното осветлување во Кавадарци
13-05-2020 РЕГИОН

Деновиве преку оперативата на ангажираната електро фирма се поставуваат нови нисконапонски линии за 120 метални канделабри. Канделабрите ќе бидат распоредени на 15 различни локации во градот, како надополнување на постојното улично осветлување.
На столбовите кој се со висина од 4 метри ќе се постават и еколошки штедливи ЛЕД светилки со јачина од 40 вати. Во склоп на проекто општината ќе вгради и нови 3000 метри нисконапонски кабел за напојување на новите канделабри.

Додади коментар