Се подобруваат условите во образовните институции во Кавадарци
25-01-2016 РЕГИОН

Општина Кавадарци спроведува повеќе проекти за подобрување на условите за учениците во образовните институции. Се работи и на пристапни рампи до институции за лицата со посебни потреби, инфомира секретарот на општина Кавадарци, Ќире Делов.

 

„Општина Кавадарци, следејќи го принципот на работа на Владата во делот на подобрување на условите во образовните институции, преку својот оперативен Буџет и учество во зеднички проекти со домашни и меѓународни здруженија и организации има инвестирано десетици милиони денари во подобрувањето на условите во воспитно образовните институции (енергетска ефикасност, кровови, пвц-столарија,  подобрување на системите за греење, реновирање на кабинетите за настава, санитарните јазли и сл.  Санитарниот јазол за деца со посебни потреби во ООУ „Гоце Делчев“ е завршен и овој проект реализиран од локалната самоуправа Кавадарци заедно со Вардарски плански регион и извршено  е оградување на дел од училишниот двор“ рече Делов.

 

Тој информира дека во периодот што претстои ќе се реализирал и заемот од околу 40 милиони денари кој е наменет за подобрување на условите за работа во СОУ„Ќиро Спанџов-Брко“,  гимназијата „Добри Даскалов“ и ООУ „Тоде Хаџи Тефов“. Со ова би се заокружил циклусот на поголеми инвестирања во овие институции,  а како што рече Делов, ќе се продолжело со реконструкција таму каде ќе се оцени дека имало потреба.

 

„Утврден е износ од 300.000 денари за реконструкција и подобрување на условите за претстој во интернатот „Крсте Петков-Мисирков“ и истиот беше потврден на последната седница на советот на општина Кавадарци. Во овој момент се реализираат, односно се во фаза на изградба пристапните рампи во шест училишта од кои две се во подрачните училишта во с.Сопот и с.Дреново. Инвестицијата е вредна околу 460.000 денари. И покрај неповолната политичка ситуација во која се наоѓа државата, предизвикана од одредена група на политичари кои не знаат или не сакаат да ја почитуваат волјата на народот 10 години наназад  и кои не ги почитуваат основните демократски принципи, начела и вредности, Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ  доследно  ги реализира проектите  од својата програма, ветени пред граѓаните, кои се од интерес исклучиво од интерес за нив“ рече секретарот на општината.

 

Делов потенцира дека во моментов се работи на еден таков поголем проект кој е наменет за подобрување на условите за работа и претстој на децата во ООУ „Гоце Делчев“ каде се реконструира  покривот. Инвестицијата е шест милиони денари,  а проектот се реализира преку МОН.

„Ова е само уште еден показател на посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ во делот на инвестирањето во најмладите и е покажано и докажано и во минатото преку отворањето на нови училишта, спортски сали, спортски терени, тениски терени“ рече во изјавата за КТВ, секретарот на општина Кавадарци, Ќире Делов.

 

А.Д



Share

Додади коментар