Се поплочуваат тротоари и делови од четири улици во Кавадарци
04-11-2020 РЕГИОН

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ денес работеше на поплочување на крак од ул. „Браќа Џунови“ во „Кадрово маало“. Согласно проектот се поставуваат бехатон коцки на површина од 137 метри квадратни.
Веднаш по завршувањето на оваa се преминува на наредната соседна локација каде е предвидено поплочување на површина од 173 квадрати.
Во оваа кампања е предвидено и поплочување на тротоари на улиците: „Авала“, „Преспа“ и „Беласица“.

Додади коментар