Се поставува систем за далечинска контрола на уличното осветлување во Кавадарци
14-10-2020 РЕГИОН

Системот претставува интелигентен начин на комуникациско поврзување што овозможува постојана централна контрола, мониторинг, регулација на светлосно ниво, далечинско мерење на потрошената електрична енергија, пристап до секој ормар и преглед на моменталната состојба во мрежата на уличното осветлување - информираат од локалната самоуправа.
Тоа се остварува со софтверско, web решение, каде се врши целосна синхронизација помеѓу централната контролна соба и контролните модули кои се инсталирани во ормарите на самите физички локации. Комуникацијата се врши безжично или преку интернет врска.
Делот од системот кој се однесува на контролата е конфигуриран да врши централно вклучување и исклучување со што се постигнува оптимизирање на работните часови на светилките и поедноставно управување.

Одговорното лице има постојан (24/7) пристап до секој ормар и може да врши моментално отчитување на електричните прилики во мрежата.
Со овој проект општината Кавадарци е меѓу првите општини кои ги применуваат современите енергетски и информатички технологии и еколошките стандарди во управувањето со системот за јавно улично осветлување.

Додади коментар