Се пошумуваше околината на езерото Младост кај Велес
03-12-2014 РЕГИОН

Oколината на Езерото Младост денес беше локацијата каде во рамките на 14-тата по ред Национална акција „Ден на дрвото 2014” се засадија околу  20.000 садници на површина од 5 хектари.

 

Река од ученици и нивните наставници, вработени во администрацијата, јавните  претпријатија, припадници на АРМ, вработени од ЈКП „Дервен" и граѓани на Велес активно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото" за да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните  генерации.

 

Заедно со граѓаните денеска беа и Градоначалникот Славчо Чадиев,Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, Пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев, како и останати функционери од централната и локалната власт кои се вклучија во годинешната акција за пошумување под мотото „Стоп за катастрофите”.

 

„И годинава ќе ја исполниме задачата. Ќе засадиме 20 000 чемпреси. Временските  услови се поволни и очекувам акцијата да помине одлично.“ – истакна Градоначалникот Чадиев.

 

„Со граѓаните на Велес денеска сум вклучена во оваа акција,која е многу благородна. Засадивме прекрасни чемпреси. Природата е нашето најголемо богатство и на овој начин придонесуваме за неа.“ - рече Министерката  Елизабета Канческа – Милевска.

  „Акцијата започна во март 2008-та година. Досега во Македонија се засадија над 50 милиони дрвца, а само во оваа акција околу пет милиони.“ – напомена  Пратеникот  Ѓорѓи Коџабашиев.

Акцијата за пошумување освен во текот на денешниот ден ќе продолжи и во наредните. Екипи на шумското стопансто „Бабуна“ ќе бидат ангажирани во садењето и набљудувањето на веќе насадените дрвја.  Од нивна страна, скоро 320.000 садници ќе бидат насадени на површина од околу 78 хектари во близина на Велес.



Share

Додади коментар